Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Убиство од користолубие во Охрид за имот вреден 1 милион евра – полицијата го уапси осомничениот

Убиство под сомнителни околности го потресе Охрид. За имот вреден над 1…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Убиство под сомнителни околности го потресе Охрид. За имот вреден над 1 милион евра, анестезиолошки техничар од тетовското село Брвеница му пресудил на 76-годишен пензионер од Охрид. По мистериозната смрт, вчераутро безживотното тело на некогаш познатиот угостител Климе Митревски, сопственик на „Климентов конак“, било пронајдено во неговиот дом во стариот дел на градот. Она што се знае е дека на телото немало прострелна ниту убодна рана.

За сторено кривично дело убиство, полицијата го сомничи 53-годишниот Жарко Гроздановски, кој наводно со сега починатиот имал склучено договор за доживотна издршка. И наместо, како што се обврзал, да се грижи за Митревски до крајот на неговиот живот, тој извршил злосторство за што побрзо да го приграбe неговиот имот. Полицијата веднаш го расчисти убиството.

„Полициските службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г.(53) од истото село, кој се сомничи за сторено кривично дело ‘убиство’ по член 123 од Кривичниот законик. Инаку вчера во 08:24 часот во СВР Охрид е пријавено дека во неговиот дом на улицата ‘Нада Филева’ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден К.М.(76) од Охрид. На местото на настанот извршен е увид од надлежен јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатира смрт, по што, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција“, велат од СВР Охрид.

Реклама

Инаку, осомничениот Гроздановски до 2010 година работел во тетовската Клиничка болница, а после тоа почнал со работа на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Митревски, пак, последен пат на својот Фејсбук профил бил активен пред три дена. Неофицијално, негови блиски во полиција пријавиле дека неколку дена не го виделе сега починатиот охриѓанец.