Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Убиство на турски државјанин и тешко повредено дете се два инцидента во новогодишната ноќ која поминала главно мирно

Новогодишната ноќ поминала главно мирно, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новогодишната ноќ поминала главно мирно, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во изјава за медиумите тој информираше дека се случиле два сериозни инциденти – убиство на турски државјанин со нож, во скопската чаршија, и случај на тешко повредено двегодишно дете, на засега непознат начин,  кое е  во животозагрозувачка состојба во Клиничкиот центар-Скопје. 

Тошковски посочи дека повредата на детето е од „метален фрагмент кој во моментов не може детално да се специфицира“.

-Има повеќе теории на случај за тоа како е повредено детето. Штом точно ги утврдиме причините за настанување на оваа тешка телесна повреда ќе ја информираме јавноста, рече Тошковски. 

Реклама

Во врска со убиениот турски државјанин, тој кажа дека во инцидентот е тешко телесно повредено уште едно лице, и  двајцата добиле повреди од остар нож. 

-Имаме осомничено лице, во интерес на истрагата не би можел да отворам повеќе детали. Моментално лицето е во бегство. Станува збор за поголем број учесници во вчерашниот кривично-правен настан и според информациите што ги имам досега – сите се странски државјани, рече Тошковски. 

Министерот соопшти дека во текот на новогодишната ноќ седум лица се повредени од употреба на пиротехнички средства, а едно лице се самоповредило од употреба на огнено оружје (ловна пушка) на територија на СВР Битола. 

-Во целокупниот период во текот на вчерашниот ден регистрирани се 31 кривично  дело и 23 сообраќајни незгоди од коишто две со тешки телесни повреди. Приведени се вкупно 49 лица по разни основи, најмногу во врска со нелегална трговија со дрога и нарушен јавен ред и мир, изјави Тошковски.

Безбедносната состојба на територијата на целата држава, рече тој,  беше стабилна, и за таа цел имаше засилено присуство на полицијата на терен и беа преземени координирани насочени мерки за одржување на поволна безбедносна состојба. 

Како што рече, бројките покажуваат дека „огромното мнозинство граѓани се однесуваа одговорно и со тоа придонесоа за лична и заедничка безбедност“.

-Зголеменото присуство на полицајци на терен придонесе да имаме мал број на настани на нарушување на јавниот ред и мир, генерално. Им благодарам на сите граѓани кои празнуваа одговорно така како што апелиравме и придонесоа сите заедно да направивме новогодишната ноќ да помине мирно, рече Тошковски и им се заблагодари на сите припадници на полицијата кои биле на работа во текот на ноќта.