Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Уапсен екс претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини, поради сомнение за проневера на 700 000 евра

Сомнежите за проневера од 700.000 евра во ФФМ му ставија лисици на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сомнежите за проневера од 700.000 евра во ФФМ му ставија лисици на рацете на екс претседателот на Федерацијата, Мухамед Сејдини. Во полициска акција, поранешниот прв човек на македонскиот фудбал е приведен под сомнение за проневера и злоупотреба.

„Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје  го лишија од слобода М.С. поради сомнение за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба.

Станува збор за истрага поврзана со средства што Европската фудбалска асоцијација – УЕФА ѝ ги доделила на Фудбалската федерација на Македонија за градежни работи на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Според првичните информации, се сомнева дека околу 700.000 евра биле проневерени.

Реклама

Од Основното јавно обвинителство Скопје потврдуваат дека предметот е во тек и дека се преземаат соодветни дејствија.

„Во рамките на предмет оформен во ОЈО Скопје, полициски службеници лишија од слобода едно лице поради дејствија кои упатуваат на сомнение за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба. Сè уште се преземаат дејствија по наредба на јавниот обвинител, а повеќе детали ќе бидат споделени по нивното завршување.

Сејдини беше на чело на ФФМ во два мандати, во периодот од 2019 до 2025 година. Во февруари годинава, тој беше суспендиран на две години од ФФМ по дисциплинска постапка за измама и злоупотреба на овластувањата.

Според наодите на Дисциплинската комисија, како претседател на Федерацијата, потпишал договор со вметнат услов за авансно плаќање од 20 проценти, иако таков услов не бил дел од прифатената понуда за изградба на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Авансот бил исплатен без банкарска гаранција и без соодветно овластување.

Со ваквото постапување, според Комисијата, бил доведен во заблуда Управниот одбор на ФФМ и ѝ била нанесена значителна материјална штета на Федерацијата.