Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, резиденти на државава кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, резиденти на државава кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа во странство, дека се приближува крајниот рок за поднесување на електронската пресметка и доставување на соодветни докази за остварениот доход.

Како што соопшти УЈП, сите физички лица кои во 2025 година примиле плата или друг вид доход од странство се должни до 31 март 2026 година да поднесат пресметка преку системот е-Даночни услуги: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam.

Обврската постои независно од тоа дали данокот во странската држава е платен или не. Заедно со пресметката мора задолжително да се достават и докази – потврда од исплатувач, извод од банка, договор за извршени услуги, платни листи или друга релевантна документација што го покажува износот, видот и периодот на остварениот доход, како и евентуално платениот данок во странство.

Реклама

УЈП наведува дека детални насоки за пријавување, пресметување на данокот и примената на договорите за избегнување двојно оданочување се достапни на официјалната веб-страница и преку следните линкови:
– http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogледни/1170
– е-Даночни услуги: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam
– Список на држави со договор за избегнување двојно оданочување: http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/pregлед/tr/md
– Упатство за пополнување на електронската пресметка: https://www.youtube.com/watch?v=gcAcns_QFoE

Во рамки на редовната меѓународна соработка и размена на даночни информации, УЈП информира дека се поднесени 203 барања до странски даночни органи за проверка на документацијата доставена од граѓани кои во 2020 година преку американски компании работеле во Авганистан и Ирак. Овие активности, се наведува, се дел од механизмите за обезбедување точност и транспарентност во даночниот систем.

Управата апелира навремено да се извршат сите обврски со цел правилно утврдување на даночната обврска и избегнување дополнителни постапки и санкции.