ТВ Алфа – фиксација и ноќна мора на сите лидери на СДСМ во изминативе десетина години. Неоснованата кривична пријава за наводно перење пари и сомнително финансирање со која без никакви докази се обидуваат да го нарушат угледот на телевизијата, е само последен во низата обиди за пресметка со медиумот. Наместо одговори на конкретни и директни прашања, наместо деманти ако нешто објавено не било вистина; со години само клевети, навреди и етикетирања.
Наједноставно новинарско прашање кон партискиот лидер – каква европска и демократска вредност покажува со нападите кон една национална телевизија, бидејќи не му се допаѓа уредувачката политика, левичарот Венко Филипче реши да ја искористи за напад кон Алфа и при неколкудневната прослава на победата на десничарска партија во Унгарија.
-(Каква демократска и европска вредност покажувате со тоа што етикетирате медиуми за тоа што не ви се доапаѓа нивната уредувачка политика?) Вие сте од Алфа, малце паника ве фаќа сега од кога газдата изгуби власт, сега се прашувате кои ќе ве финансисра, изјави Филипче пред три дена.

Но, ваквите потези веќе не се никакво изненадување, секогаш кога некое прашање не му е по мерак, од Филипче нема одговор, туку неосновани тврдења дека Алфа ширела лажни вести.
-(Во соопштенијата имате скратеници ВМРО- ОКГ, ВМРО- ДОС, ај ОКГ кажавте што е, ДОС што значи?) Ај доста со фејк вести, дајте имате ли други прашања, изјави Филипче.
-Фејк њуз Алфа, фејк њуз, мене обвинуваа дека имам куќа во Нерези, доаѓаше ваш колега новинар, изјави Филипче на 17-ти јануари годинава.
-Престанете ве молам со фејк њуз и со дефокусот, престанете, изјави Филипче на 9-ти јануари годинава.
Покрај обвинувања за лажни вести, новинари на Алфа често знаеле да трпат и директни навреди од лидерот на СДСМ, само бидејќи прашање не му е по мерак.
-Ете како што гледате не знаете ни што ме прашувате, на клеветивети од кујните на ВМРО не одговорам, изјави Филипче на 17-ти јануари годинава.
Но, Филипче очигледно имал од кого да учи, еден од претходните претседатели на СДСМ Зоран Заев, за кого не крие дека му е близок пријател, а по се изгледа и политички ментор. Во времето кога тој беше премиер, Алфа секојдневно беше домаќин на Финансиската полиција, чии инспектори во своите контроли не најдоа никаква дамка во финансиското работење. Заев одбивајќи гостување на Алфа, директно реши да се заканува преку институциите кои тогаш беа предводени од него.
-Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на Алфа телевизија, бидејќи вие ќе видите зошто, изјави Заев на 5-ти март 2020-та. Посебно во моментот каде што според мене се прави сериозна истрага, порача Заев запрашан за гостување во Алфа телевизија, изјави Заев на петти март 2020-та.
Во седумгодишното владеење СДСМ и покрај заканите, не успеа да докаже никакви недоследности во работата на Алфа, па сега врз основ на документи кои ги истражуваа во своето владеење, решија да поднесуваат кривична пријава.
-Накратко, сериозни сомнежи за перење пари, преку лажни реклами и сомнителен капитал како извор на финансирање, за што имало и постапка започната, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ.
Алфа беше трн во око на уште еден поранешен лидер на СДСМ, екс премиерот Димитар Ковачевски. Го обвини нашиот медиум дека наликувал на партиски сектор за комуникации, а друг медиум пак бил трговец со енергенси.
-Во државата има медиум чија што уредувачка политика повеќе наликува на компанија која тргува со енергенси, а има и медиум чија што улога повеќе личи на партиски сектор за комуникации, изјави Ковачевски на 16-ти јануари 2023-та.
Во владеењето на СДСМ, покрај гостопримството кое Алфа го покажа тогаш кон финансиските инспектори, кои имаа увид во целата документација за финансиското работење, нашиот едиум беше жртва и на хајки кои против Алфа ги водеше тогашното СЈО, предовдено од правосилно осудената за криминал Катица Јанева. Но, и при контролите на специјалните обвинители, не беше пронајдена никаква дамка во работењето на телевизијата.
Матеја Петровски
