Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Турскиот амбасадор Улуциј во посета на Дебар

Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улуцој, денеска престојуваше во посета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улуцој, денеска престојуваше во посета на  Дебар.

-На средбата со градоначалникот  Фисник Меља,  разговараа за одличните односи меѓу двете пријателски земји, можностите за продлабочување на институционалната соработка, како и за конкретни проекти од заеднички интерес, особено во областа на културата, образованието, туризмот и локалниот развој, информираа од општината.

Во рамки на престојот во Дебар, амбасадорот присуствуваше во петочната молитва,  џума-намаз,  во централната џамија  “Хаџи Вехби Дибра”, еден од најзначајните верски објекти во градот.

Реклама

-Посетата продолжи со обиколка на неколку значајни споменици и карактеристични точки од културното наследство на Дебар, меѓу кои градскиот амам кој сега етнолошки музеј, старите традиционални дебарски куќи, како и Хинќар џамијата, при што одблиску се запозна со историските, архитектонските и духовните вредности што го карактеризираат нашиот град.

-Општина Дебар изразува благодарност за посетата на Неговата Екселенција и ја потврдува својата подготвеност за понатамошно зајакнување на соработката со Република Турција, во интерес на граѓаните и заедничкиот развој, наведуваат од општината.