Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Туризмот во Македонија во пораст: земјата се позиционира како „скриен балкански бисер“

Туризмот во Македонија продолжува да расте. Во првите два месеци од годинава,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Туризмот во Македонија продолжува да расте. Во првите два месеци од годинава, бројот на туристи е зголемен за 6 проценти, со пораст и кај домашните и кај странските гости.Според државната статистика, само во февруари, земјава ја посетиле над 48 илјади туристи, од кои повеќе од две третини се странци. Тие оствариле речиси 95 илјади ноќевања, при што најголемиот дел отпаѓа токму на странските гости.

“Во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период лани, вкупниот број на туристите е зголемен за 6.0 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 5.1 %, а кај странските има зголемување за 6.5 %.Во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е намален за 1.6 %“ – велат податоците од Државниот завод за статистика.

Дека Македонија е мала земја со големо срце и уште поголема убавина пишуваат и светските медиуми. Американскиот „Си-ен-ен“ во својата анализа посветена на нашата земја ја опишува Македонија како скриен балкански бисер – богата со бујни пејсажи,вкусна традиционална храна и духовно богатство старо повеќе од илјада години.

Реклама

“Македонија, драматично планинска дестинација веднаш северно од Грција, е достојна за поголемо туристичко внимание. Тука е нејзиниот пејзаж со бујни зелени падини и снежни карпи и нејзината вкусно разновидна кујна, со низа јадења на маса што се менуваат од една долина до друга. Таа е благословена и со сончева клима, што помага зеленчукот да биде богат и сочен, а вината од нејзините лозја да бидат робусни и изобилни“ , пишува Си-ен-ен.

Посебно внимание привлекува Охридското Езеро  кое се опишува како вистински бисер и еден од најпрепознатливите симболи на Македонија, заедно со црквата Свети Јован Канео. Покрај Охрид, се издвојуваат и други атракции – од Старата скопска чаршија до кањонот Матка, црквите, манастирите, како и винските региони и националните паркови, кои нудат разновидни искуства на мала географска површина.

“Охридското Езеро, кое е дел од светското наследство на УНЕСКО, опкружено со планини, привлекува посетители од целиот Балкан секое лето. Некои доаѓаат за екотуризам. Друг прекрасен национален парк, Галичица, го прегрнува источниот брег со спектакуларното Преспанско Езеро, југоисточно од тој парк“ – пишува во анализата на „Си-ен-ен“.

За разлика од првите два месеци од годинава, после војната во Заливот глобалната криза удира и врз авиосообраќајот и туризмот. Во Македонија засега нема шокови, но има загриженост, што е и очекувано. Од двата наши аеродрома се лета според планираното и нема какви било откажувања. Туристичките работници се на штрек и се надеваат дека состојбата ќе се смири.