Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Туристите во Дојран најмногу сакаат да слушаат за живиот свет и за ловење риби со мандри

Над 900 деца лани го посетиле Дојран во рамките на своите училишни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 900 деца лани го посетиле Дојран во рамките на своите училишни екскурзии, во кои научиле нешто повеќе за културните знаменитости, но и за живиот свет во ова туристичко место.

Од Јавното претпријатие „Тауријан” кое е задолжено да ги спроведува турите за сите посетители, велат дека туристите кои минуваат низ Дојран сакаат да слушаат за флората и фауната карактеристични за локалното поднебје. Туристите сакаат да го видат и Музејот во Дојран, кој е подружница на скопскиот Природонаучен музеј, а најмногу ги интересира раскажувањето за стариот традиционален начин на ловење риби со правење насеки и мандри.

– Нудиме три тури, а посетителите најчесто ја избираат пешачката тура, која започнува со Музејот, потоа се оди на Саат кулата, Турската бања, манастирот “Св. Марија Магдалена” и турата ја завршуваме со старата црква “Св. Илија”. Кога доаѓаат групи со странски туристи, си имаат и водич кој им ги објаснува знаменитостите на англиски или друг јазик, вели директорот на ЈП “Тауријан” Кирил Изов.

Реклама

Покрај пешачката тура, претпријатието нуди и велосипедска тура, во траење од еден час, која почнува од амфитеатарот во Стар Дојран, а завршува на плажата Калдрма во Нов Дојран. За неа се изнајмуваат електрични велосипеди, кои општината ги доби лани преку Центарот за југоисточен регион. Велосипедите беа доделени заедно со паметни брави, полнач за електрични автомобили, две градски информативни ЛЦД табли и безжична опрема за интернет конекција на централниот дел од Стар Дојран.

Од ЈП „Тауријан” велат дека велосипедите кои засега ги изнесуваат за време на викендите, се изнајмуваат за 200 денари од час, додека цел ден чини 1000 денари, со пополнување на барање и со депонирање лична карта.

Пред почетокот на пролетните школски екскурзии и пред Велигден кога се очекува да има поголем број на туристи во Дојран, претпријатието чија дејност е и паркирањето на јавен простор ги спроведува тековните активности.

– Моментално располагаме со 270 паркинг места во Стар Дојран. Полека почнуваме со подготовки за претстојната сезона, санираме паркинзи, ги кастриме оштетените дрвја. Во текот на работната недела ќе го санираме и обележувањето, каде што линиите се избришани повторно ќе се исцртаат. Сакаме да се изработи и еден вид на рекламно пано за хотелите, приватните издавачи и угостителите кои се во Дојран, кое ќе биде изложено на видно место и од кое сите минувачи ќе може да се информираат, вели Изов.

Информациите за турите што се нудат, како што велат од “Тауријан”, се обновуваат секоја година, со тоа што надлежните доставуваат известувања до училиштата и оставаат рекламен материјал по хотелите, а контактираат и со тустистичките агенции.