Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Туристичките работници во Македонија имаат причини за задволство, но и за главоболки

Турзимот станува многу предизвикувачка професија. Во услови на криза туристичките работници велат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Турзимот станува многу предизвикувачка професија. Во услови на криза туристичките работници велат дека се однесуваат како магионичари за да можат да го одржат секторот. Глобалниот проблем со авионско гориво за среќа кај нас не е присутен, но проблем станува протокот на туристи од неевропските земји во ЕУ поради новиот систем за влез во Европската Унија. Туристичките работници стравуваат дека ова може да се одрази негативно врз нивните аранжмани со тоа што би опаднал интересот за патување:

„Се очекува за влез во Грција да се чека и до 11 часа во ек на турстичката, сезона. На аеродромите се создаваат метежи патниците чекаат по 4 или пет часа за влез и излез од аеродромот. Европските Тур Оператори и европските комапнии почнаа со притисок до ЕУ да се укине. Ако не се укине не знаеме како ќе функционираме“, изјави Аркан Керим од Туристичката комора при ССКМ.

Главоболки имаат и европските тур оператори. Екстремно скапиот керозин, кој неретко и е проблем да се обезбеди, влијае на летовите. Први на удар се оние подолгите, кон прекуокеанските дестинации. За останатите, од странските тур оператори веќе заговараат сценарио за поскапи билети околу 50 евра.

Реклама

„Ова е специфичен момент во кризава. Исто така прашање е дали има можности за летување од далечните дестинации поради долгите летови, бидејќи е потребна промена на повеќе летови. Многу важен момент е потенцијалниот недостаток на керозин кој има голем импакт во одложувањето на летовите, со што силно ќе бидат погодени и европската и германската туристичка индустрија. Во моментов се размислува за изнаоѓање на некои нови солуции со цел да се намали ризикот од големи загуби“, изјави Матијас Бејер од Германската туристичка комора.

Туристичките работници се согласни дека Македонија оваа криза мора да ја искористи како можност и да ги превлече европските туристи кај нас. Според експертите тоа треба да се направи со посебни програми прилагодени за европските туристи.

„Годините кои што се пред нас треба да градиме одржливост во дестинацијата, да отвораме нови пазари кои што ќе ни гарантираат аранжмани од 5 до 7 и повеќе денови, да менуваме повеќе“, посочи Љупчо Јаневски,универзитетски професор

Туризмот и развојот на оваа гранка е високо на владината агенда. Досегашните резултати од мерките и стратегиите се позитивни. Бројката на туристи е во пораст, а паралелно се зголемува и бројот на авиолетови од двата македонски аеродрома, кои добиваат на примат во регионот.