Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Тркалезна маса за потребата од Закон за Уставниот суд: Дебата меѓу институциите, правната струка и граѓанскиот сектор

Денес, во Уставниот суд на Република Северна Македонија во Скопје, ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, во Уставниот суд на Република Северна Македонија во Скопје, ќе се одржи тркалезна маса на тема „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“. Целта на настанот е да се отвори јавна дебата за потребата од донесување на посебен закон кој ќе го регулира работењето на Уставниот суд, преку дијалог помеѓу претставниците на институциите, правната заедница и граѓанскиот сектор.

Настанот ќе започне со воведни обраќања од високите официјални личности: претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, амбасадорите на Европската Унија, Германија и САД – Михалис Рокас, Петра Дрекслер и Анџела П. Агелер.

Потоа, ќе следи презентација на резултатите од анализата за потребата од донесување на Закон за Уставниот суд, изработена како дел од ЕУ-финансиран проект. Презентацијата ќе ја водат тим лидерот Карстен Манке и вишите правни експерти Мартин Сопронов и Маргарита Цаца Николовска.

Реклама

Ставовите на судиите од Уставниот суд ќе ги презентираат Ана Павловска-Данева и Татјана Васиќ-Бозаџиева, додека претставници од правната струка ќе ги изнесат своите мислења професорите Тања Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Денис Прешова и Рената Дескоска.

Представниците на граѓанскиот сектор, Дарко Аврамовски од Коалиција „Сите за правично судење“ и Бојан Трпевски од Асоцијација на млади правници на Македонија, ќе споделат свои ставови во рамките на дебатата.