Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Трипуновски во Прилеп: Исплатени рекордни 40 милиони евра субвенции за тутунопроизводителите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска го посети Прилеп,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска го посети Прилеп, каде што се сретна со тутунопроизводители за да разговараат за завршената реколта и подготовките за идната реколта во 2025 година.

„Во текот на вчерашниот ден ги исплативме субвенциите за реколта 2024 година. Станува збор за околу 40 милиони евра субвенции кои беа исплатени на сметките на приближно 14.500 тутунопроизводители низ целата држава. Ова е рекордна исплата на субвенции по произведен килограм тутун“, изјави министерот Трипуновски.

Тој додаде дека целокупната реколта оваа година изнесува 24 милиони килограми, што претставува значително зголемување во однос на минатата година. Според министерот, оваа исплата и успешната откупна сезона ја потврдуваат посветеноста на Владата и Министерството за земјоделство кон реализацијата на ветеното.

Реклама

„Го цениме трудот на македонските земјоделци, а субвенциите ќе продолжат да се исплаќаат редовно“, нагласи Трипуновски.