Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Економија

Трипуновски: Субвенциите се исплаќаат редовно, како никогаш до сега

„Субвенциите се исплаќаат редовно, како никогаш до сега. Тоа го говорат сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Субвенциите се исплаќаат редовно, како никогаш до сега. Тоа го говорат сите бројки и податоци кои што ги имаме јавно споделено до сите медиуми и земјоделци. Морам да потенцирам дека Владата со самото доаѓање наследи еден сериозен долг од страна на претходната власт“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Планот на Владата е земјоделството да го враќа на пиедесталот во приоритетите. Скоро 8 милијарди денари се исплатени кон македонските земјоделци од сите земјоделски категории, по основ на директните плаќања, по основ на интервентни мерки кои што дополнително се направени, по основ на Програмата за рурален развој“, појасни министерот.

Трипуновски додаде дека не се исплатени само субвенциите од 2024 година, тука влегуваат и субвенциите кои што не биле исплатени за 2022 и 2023 година.

Реклама

„Во моментов она што следи за исплата согласно последниот законски рок 30.06, многу брзо од денес од ова интервју, на сметките ќе ги добијат и основните субвенции овчарите во Македонија и одгледувачите на говеда“, најави тој.

„Она што навистина го ветувавме во предизборието заедно со премиерот Мицкоски денес го реализираме на дело“, истакна министерот Трипуновски.