Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Трипуновски: Преку сет на мерки ги стимулираме младите да се вратат во земјоделскиот процес

„Поради погрешни политики во минатото, денес имаме миграција на младите од село…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Поради погрешни политики во минатото, денес имаме миграција на младите од село во град – го напуштаат земјоделскиот процес. Сето тоа се случува бидејќи гледаат како нивните семејства во текот на земјоделското производство немале рентабилност”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

„Преку новиот Закон за земјоделство и рурален развој, кој претставува темел на земјоделското производство, работиме на воспоставување на правила на игра. Во законот има неколку поглавја, од кои едно е регулацијата на пазарот, откупот на земјоделските производи, субвенционирањето и слично. Токму тука е делот што ги дефинира насоките по кои ќе се движиме”, појасни министерот.

Тој додаде дека Министерството работи на внесување на млада сила во земјоделскиот сектор.

Реклама

„Ние во изминатиот период објавивме низа јавни повици каде што финансиски ги кофинансираме младите до 40 години. Еден од јавните повици беше т.н. мерка за млад земјоделец, каде што се даваат грантови до 10.000 евра. Дополнително, имаше два јавни повици за распределба на земјоделско земјиште каде што приоритет имаа младите луѓе”, посочи министерот.

Министерот Трипуновски истакна дека се во тек јавните повици за модернизација на земјоделството, набавка на трактори и приклучна механизација. Министерството распиша и јавен повик за продажба од куќен праг. Тоа се низа на мерки каде што приоритет при аплицирање имаат младите луѓе.

„Во Законот за земјоделство и рурален развој предлагаме младите брачни парови кои ќе одлучат да се вратат на село со одреден бизнис план да ги помогнеме”, додаде Трипуновски.

Министерот посочи дека од идната година, кога ќе стапи на сила Законот за земјоделство и рурален развој, ќе има голем одзив кај мерката за враќање на младите на село.