Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Трипуновски: Оваа година се склучени договори за 26.000 тони тутун, опфатени се околу 16.800 земјоделски стопанства

Денеска заедно со претседателот на Владата, проф. д-р. Христијан Мицкоски сме во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска заедно со претседателот на Владата, проф. д-р. Христијан Мицкоски сме во посета на Тутунскиот комбинат – Прилеп. Благодарам за топлиот пречек на менаџерскиот тим и посакувам успешна работа во наредниот период, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

-Согласно податоците кои што ги има Министерството преку електронскиот систем за евиденција на тутун ИСЕТ, оваа година се склучени договори за 26.000 тони тутун. Опфатени се околу 16.800 земјоделски стопанства, појасни министерот.

Тој посочи дека согласно проекциите од теренот и комуникацијата со земјоделските здруженија оваа година се очекува над 10% поголема берба од минатогодишната.

Реклама

-Очекуваме дека ќе има одличен квалитет оваа година тутунот, пријавени се 298 пунктови ширум Македонија, односно 305 пријавени ваги кои што ќе функционираат наредниот период. Законскиот рок за почеток на откуп е 15-ти ноември, со оглед на тоа дека паѓа петок, најраниот рок за почеток е 18-ти ноември. А, најдоцна согласно Законот за тутун и тутунски производи е 15-ти декември, заклучи министерот.