Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Економија

Трипуновски: Откупот на зелката се одвива непречено, досега откупено околу 35 милиони тони

Од почетокот на годината заклучно до вчера откупени се околу 35 милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од почетокот на годината заклучно до вчера откупени се околу 35 милиони килограми зелка. Откупот се одвива непречено, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при посетата на струмичкиот регион. 

– Ако зборуваме за пролетната, млада зелка од оваа реколта, од крајот на февруари до вчерашниот ден откупени се околу 30.000 тони. Откупот се одвива непречено и во согласност со предвидената динамика и текот на бербата, рече Трипуновски.

Откупната цена, како што изјави, е задоволителна за земјоделците, а Инспекторатат ќе продолжи внимателно да го следи целиот процес со цел фер и нерпечен откуп. 

Реклама

При посетата на струмичкиот регион, Трипуновски го посети и сточарот Никола Колев, кој кон крајот на јануари претрпе штета од поплавите.

– Објектот е изграден со помош на општествено одговорни компании од овој дел и пошироко, а помогна и локалната самоуправа со механизација во делот на расчистување на речните корита. Никола сега има услови повторно да работи и да произведува, рече Трипуновски.