Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Трипуновски: Од вкупно 1.600 доставени понуди за закуп на земјоделско земјиште, досега се донесени 982 одлуки, кои опфаќаат површина од приближно 2.862 хектари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, на денешната прес конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, на денешната прес конференција информираше дека од вкупно 1.600 доставени понуди за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, донесени се 982 одлуки, кои опфаќаат површина од приближно 2.862 хектари.

„Секое ветување кое го дадовме во изминатиот период, работиме на негово целосно реализирање“, истакна Трипуновски.

Тој потсети дека на крајот од 2024 година беа објавени пет јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште, и тоа на површини до и над 3 хектари. Еден од повиците се однесуваше и на земјиште со постоечки насади, со што се овозможи нивна легализација од страна на земјоделците.

Реклама

„Со распределбата и легализацијата на насадите, сопствениците добиваат можност да склучат договор со Министерството, со што се воспоставува ред во користењето на државното земјоделско земјиште“, нагласи министерот.

Во изминатиот период, до Министерството пристигнаа околу 1.600 понуди за закуп, како и 220 барања за легализација на земјиште со долгорочни насади. Овие бројки, според Трипуновски, ја потврдуваат високата заинтересираност кај земјоделците.

„Слободно можам да кажам дека успешно ги спроведовме јавните повици за закуп на земјиштето. Процесот се одвиваше транспарентно, без селективност, и опфати земјоделско земјиште надвор од градежните реони на сите општини во земјата“, изјави Трипуновски.

Тој додаде дека комисиите напорно работеа на обработка на сите пристигнати понуди, а дел од договорите веќе се доставени до подрачните единици на Министерството и наскоро ќе бидат врачени на земјоделците кои ги добиле.

Од вкупно 1.600 понуди, донесени се 982 одлуки за доделување земјиште со вкупна површина од околу 2.862 хектари. Од 220 понуди за легализација на насади, донесени се 160 одлуки, кои опфаќаат 380 хектари.

„Во претстојниот период ќе распишеме нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште, со цел да се стави во функција преостанатиот потенцијал и да се создадат услови секој заинтересиран граѓанин да се вклучи во производството на храна. На тој начин отвораме нови можности за младите, сточарите и сите кои сакаат да се занимаваат со земјоделство“, порача министерот.

„Земјоделското земјиште е основата на земјоделското производство. Секоја педа земја во државна сопственост ќе биде транспарентно распределена на оние кои сакаат да ја искористат оваа можност и да придонесат во производството на храна“, заклучи Трипуновски.