Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Трипуновски од струмичко: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој е на терен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој е на терен во гевгелиски и струмички регион денеска изјави дека според првичните информации од Државниот земјоделски инспекторат откупот оди во нормален тек, има добар род на пиперка, а квалитетот е солиден.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трипуновски потенцирал дека во текот на вчерашниот ден исплатено се над 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци.

-За потсетување, во текот на вчерашниот ден исплативме по подмерката 1.7 по 3 денари по килограм за сите градинарски култури предадени во преработувачки капацитети. Односно исплативме над 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци, истакнал Трипуновски.

Реклама

Тој потенцирал дека заложбата на Владата и премиерот Христијан Мицкоски во делот на земјоделството и градинарството е тоа што во Програмата за 2025 година има зголемување на субвенцијата по килограм предадена пиперка, од 3 денари на 4 денари за периодот август – октомври. И за останатиот период, додал министерот, од 5 на 6 денари по килограм.