Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

🎥 Трипуновски: Исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци, земјоделството останува приоритет на Владата

На денешната прес конференција сакам да ви соопштам дека денес се исплатени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната прес конференција сакам да ви соопштам дека денес се исплатени над 407 милиони денари кон близу 8.000 земјоделци кои што се во нашата евиденција. Имено, исплатени се 259 милиони денари кон 4.143 земјоделци од подмерка 1.7, односно за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети, во рамките на Програмата за финансиска поддршка за 2024 година, истакна на денешната прес конференција министерот за змјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Типуновски.

-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури, освен за пиперката од сортата куртова капија каде висината на директните плаќања изнесува 5 денари по килограм, кои што се предадени за периодот мај-јуни и ноември-декември 2024 година. Оваа мерка е клучна за поддршка на нашите градинари кои се посветени на квалитетно производство наменето за понатамошна преработка. Истовремено, денес се изврши исплата на над 147 милиони денари кон 3.686 земјоделци за мерка 2.3, односно за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од Програмата за финансиска поддршка за 2025 година. Висината на директните плаќања изнесува 6 денари по литар за кравјо млеко и 7 денари по литар за овчо и козјо млеко, рече Трипуновски.

Трипуновски појасни дека овие исплати се однесуваат за првите три месеци од оваа година.

Реклама

-Овие исплати се однесуваат за период јануари, февруари и март 2025 година, со што поддршката кон сточарскиот сектор континуирано продолжува. Само за пoтсетување како министерство од почетокот на мандатот исплативме над 11 милијарди денари кон земјоделците, што претставува доволен доказ за нашата посветеност и развој на македонското земјоделство, појасни министерот.

Тој додаде дека земјоделството останува како еден од приоритетите на Владата.

-Нашата заложба за зголемување на конкурентноста на македонските земјоделски производи продолжува понатаму. Со одговорно и домаќинско работење покажавме дека ги градиме темелите на промените, и го вреднуваме трудот на македонските земјоделци. Во следниот период продолжуваме со поддршка на македонските земјоделци затоа што земјоделството останува како еден од приоритетите на Владата, додаде Типуновски.