Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Економија

Трипуновски: ИПАРД-средствата повторно достапни за македонските земјоделци

Денеска пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, дека средствата од ИПАРД-програмата се повторно достапни за македонските земјоделци. Во согласност со навреме преземените активности, направената целосна и детална контрола за користење на ИПАРД-средствата, утврдено е дека нема неправилности во постапките. Тоа значи дека системот функционира, институциите постапуваат одговорно, транспарентно и во интерес на македонските земјоделци – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Трипуновски на прес-конференција објасни дека Брисел никогаш не ги блокирал средствата, туку дека во моментот кога излезе во јавност случајот со злоупотребата на претходниот директор на Платежната агенција, се активира националниот механизам, кој го извести Брисел.

– Го известивме Брисел дека е потребно да се изврши вонредна контрола со цел да не се дозволи да се фрли црна дамка, со што инициравме на транспарентен начин да се проверат сите активности поврзани со средствата од ИПАРД-фондовите. Тоа беше препознаено како одличен чекор од Брисел, со тоа што навремено се интервенира во оваа ситуација. Следуваше темелна проверка од ИПАРД-структурата по што се достави сеопфатна информација до европските институции во согласност со воспоставените процедури. Со ова сакам да ги демантирам и шпекулациите што тенденциозно се пласираа во јавноста од страна на опозицискиоит СДСМ. Сакајќи да создаде лажна слика, паника и револт кај македонските земјоделци, СДСМ тврдеше дека ИПАРД-средствата се блокирани, а земјоделците ќе останат без поддршка. Но денес, по којзнае кој пат, нивните лаги паѓаат повторно во вода – потенцира министерот.

Реклама

Според него, вистината излезе на виделина.

– Додека СДСМ се служи со конструкции и е заглавен во старата матрица на ширење лаги, манипулации, мислејќи дека на тој начин ќе обезбеди некој политички поен, ние како Влада носиме резултати и обезбедуваме пари за нашите земјоделци. Во тоа е разликата помеѓу нас. Наместо политиканство и дезинформации, ние избравме транспарентност, соработка со европските институции и заштита на секој денар наменет за македонските земјоделци – рече Трипуновски.

Министерот упати порака до земјоделците – да продолжат да аплицираат, да инвестираат и да го развиваат производството.

– Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство стојат зад вас. Продолжуваме со инвестиции, модернизација и развој на овој важен сектор за нашата држава. Ќе продолжиме со уште позасилено темпо да работиме посветено, чесно и одговорно во интерес на граѓаните, со нулта толеранција за злоупотреби, со целосна транспарентност и со максимална поддршка за македонските земјоделци – нагласи министерот Трипуновски.