Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Трипуновски: Фирми земале субвенции а не плаќале закупнина и не го обработувале замјоделското земјиште

Зеле државно земјиште, не плаќале закупнина, не засадиле ни една семка ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зеле државно земјиште, не плаќале закупнина, не засадиле ни една семка , земјата зјае необработена, ама државни пари како субвенциите легнувале на сметка исто како да произведуваат тони и тони земојделски производи. На овој начин незаконски ја олесниле државната каса за цели 785 илјади евра. Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски обелодени дека неговиот предходник Љупчо Николовски дозволил две фирми, една од Скопје, друга од Струмица на ваков начин незаконски да се збогатат.

  • Во првиот случај се работи за 485 милиони евра, а во вториот случај за околу 309.000 евра. Првиот субјект е „Ар експорт ДООЕЛ увоз-извоз“ од Струмица, кој имал склучено 19 договори за закуп на земјиште со вкупна површина од 1.416 хектари со Министерството за земјоделство. Од тие 19 договори не се почитувале 11 и требало да се раскинат, но не биле раскинати, па субјектот добил 30 милиони денари (485 милиони евра) за субвенции. Закупецот, според договорите, требало да подготви инвестициски план и да инвестира, но податоците говорат дека тој инвестирал само 300.000 евра. Интересно е што субјектот не ги плаќал ниту закупнините и должи 60 милиони евра“ – рече Трипуновски.

Според него, вториот закупец на земјоделска површина, фирмата до Скопје 3 пати преку анекси ја намалувал закупената површина, но добивал субвенции како за првичната површина поради некоординација на Министерството за земјоделство и Платежната агенција.

  • ДЗС „Илинден“ имал договор со важност од 30 години. Неколку пати ги намалувал површините под закуп, не платил закуп за 3 години, а зел субвенции за сето време. Против него бил воден и судски спор кој го добило Министерството за земјоделство, но поради непреземање мерки од институциите, катастарот не бил информиран за едностраното раскинување на договорот, а Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој која не била информирана за раскинување на договорот, 3 години по раскинувањето на договорот исплаќала субвенции. Така државата е оштетена за 19 милиони денари (околу 309.000 евра)“ – информира Трипуновски.

Трипуновски се сомнева дека на ваков начин се испумпувале пари од државниот буџет за криминални цели и ги повика Обвинителството и МВР да постапат по случаите и да ги истражат злоупотребите. Министерството дополнително собира документација за уште 3 случаи во кои постојат индиции дека поранешниот министер и раководителите во Министерството за земјоделство и во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој со непреземање никакви мерки дозволиле да се потроши висока сума пари од државниот буџет.