Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Трипуновски до Николовски: Откупните цени се на историски максимум, се инвестира во системи за наводнување, производството и извозот растат, а земјоделците имаат предвидливост и партнер во Министерството

Поранешниот министер за земјоделство и пратеник од СДСМ, Љупчо Николовски, во соопштение…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот министер за земјоделство и пратеник од СДСМ, Љупчо Николовски, во соопштение на партијата остро ги критикуваше политиките на актуелната влада предводена од ДПМНЕ, обвинувајќи дека се загрозува иднината на земјоделците. Тој посочи на укинување на авансната исплата на субвенциите, намалување на буџетот за рурален развој и рекордно ниски откупни цени на земјоделските производи, меѓу кои оризот и пченицата. Николовски оцени дека со актуелното раководство ИПАРД програмата е „на колена“ и дека лозарите се оставени без гарантирани откупни цени.

На ваквите обвинувања реагираше актуелниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој на Фејсбук порача дека Николовски најпрво треба да одговори за „коруптивните договори“ од времето на СДСМ и за истрагите кои, како што тврди, се „заглавени“ кај главниот обвинител Коцевски.

Целиот пост може да го погледнете на следниот линк:

Реклама

Трипуновски посочи дека за разлика од минатото, сега се исплатени сите заостанати субвенции, земјоделското земјиште се доделува на вистинските земјоделци, а не на партиски блиски фирми, и дека откупот на сите култури е обезбеден – без да има производи што скапуваат на нивите.

„Откупните цени се на историски максимум, се инвестира во системи за наводнување, производството и извозот растат, а земјоделците имаат предвидливост и партнер во Министерството“, нагласи Трипуновски.

Министерот додаде дека ваквите резултати се плод на политики кои им даваат можност на земјоделците слободно да планираат на среден и долг рок, а не на, како што рече, „манипулации и бизнис интереси на неколку фирми блиски до СДСМ“.