Реклама

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Македонија

Трипуновски до Николовски: Ние не креираме популистички мерки туку реални за стимулација на земјоделците

Во делот на второто прашање кое што го поставивте за Програмата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во делот на второто прашање кое што го поставивте за Програмата за зелена нафта и Програмата за здрав оброк, навидум има многу аномалии кои што ги детектиравме, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање поставено од страна на пратеникот Љупчо Николовски.

-Имено во делот на Програмата за зелената нафта треба да бидете доблесни и да признаете дека таа популистичка мерка која што воведовте, креиравте картички за т.н. за зелена нафта кои што имаа по 300 – 400 денари, повеќе чинеше картичката да се изработи отколку да му се даде на земјоделец вистинска дополнителна стимулација за да има компензација во делот на производството. Мерката беше повеќе популизам, појасни министерот.

Тој посочи дека имаше многу категории кои што не беа вметнати во т.н. Програма за зелена нафта.

Реклама

-Она што значи модификација, значи реална пресметка на потребна количина на нафтен дериват за секоја земјоделска култура. Тоа значи вметнување и на тутунарите, сточарите, бидејќи и тие треба да добијат стимулација, нагласи министерот Трипуновски.

-Во делот на Програмата за здрав оброк, не знам зошто се обидовте да го отворите ова прашање иако како актуелен министер во Вашето време додека ја спроведувавте оваа Програма бевме сведоци каде што децата наместо здрав оброк и здрав производ добиваа земјоделски производ од 2 или 3-та категорија, истакна министерот Трипуновски потсетувајќи го Николовски.

Министерот додаде дека модификацијата која што треба да се направи е да се воведе органски производ. Ако е интенцијата да имаме здрав оброк за нашата најмлада популација, тогаш треба да јадат органски производи. Така ќе се стимулира органското производство.