Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Тримчевска: Професионалниот развој е инвестиција во наставниците и е иднина на учениците и општеството

Директорката на Бирото за развој на образованието, Милка Тримчевска во своето вчерашно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорката на Бирото за развој на образованието, Милка Тримчевска во своето вчерашно гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува – УЖ“, говореше на тема „Професионалниот развој – услов за квалитетно образование“, истакнувајќи ја важноста на постојаното стручно усовршување на наставниот и стручниот кадар во основното и средното образование.

Тримчевска нагласи дека Бирото е национална институција што го координира, промовира и го овозможува професионалниот развој преку мрежа на советници и експерти, развој и акредитација на програми, објавување јавни повици и организирање на директни обуки, менторства, прирачници и стручни материјали.

„Во време на брзи општествени, технолошки, педагошки сегменти и промени, наставникот мора постојано да се надградува за да остане релевантен, да остане компетентен и мотивиран, и не само мотивиран туку и да ги мотивира и останатите околу него“, изјави Тримчевска.

Реклама

Таа додаде дека Бирото посебно се фокусира на практично ориентирани обуки, интегрирање на дигитални компетенции, инклузивна пракса и унапредување на наставната методологија. Таа истакна дека во соработка со национални и меѓународни партнери, институцијата работи на развој на современи и иновативни модели на стручно усовршување.

„Доживотното учење е признат принцип во сите современи образовни политики. Тоа значи дека учењето не престанува со стекнување на диплома, или со стекнување на одреден сертификат, туку трае во текот на целата професионална кариера. И само на тој начин може да се обезбеди постојано унапредување на квалитетот на наставата, подобрување на ученичките резултати и професионално задоволство на наставниците“, подвлече Тримчевска и додаде:

„Професионалниот развој е инвестиција не само за наставниците и стручните соработници туку е и иднина на учениците и општеството“, заклучи Тримчевска, потенцирајќи дека доживотното учење е столб на современото образование.