Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Триесет и пет години од загинувањето на Сашко Гешовски, првата жртва во конфликтот што предизвика распад на Југославија 

Денеска се навршуваат 35 години од загинувањето на Сашко Гешовски, првата жртва…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска се навршуваат 35 години од загинувањето на Сашко Гешовски, првата жртва во конфликтот што предизвика распад на Југославија, потсетуваат од Музеј галеријата во Кавадарци. Бројни делегации денеска ќе му оддадат почит со положување на цвеќе. 

– Роден е во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град.  По завршување на средното образование заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА во Сплит – Р. Хрватска. На 6 мај 1991 година во него пукал маскиран припадник на МУП на Република Хрватска и смртно го погодил со 4 куршуми. Гешовски во критичниот момент бил на задача пред зградата на Воено поморската област во Сплит. Тој беше првата жртва во конфликтот што предизвика распад на Југославија во 1991 година, споделуваат од Музејот. 

Притоа потсетуваат дека тогаш, на 7 мај во Кавадарци се одржа протестен митинг на кого учествуваше речиси целото население од градот и околината, за да го искажат својот револт за смртта на својот сограѓанин, се палеа свеќи на градскиот плоштад во чест на Гешовски.

Реклама

– Неговото тело со воен хеликоптер беше пренесено во Кавадарци. На погребот присуствуваа повеќе од 20.000 граѓани, дојдени од сите краишта на поранешна Југославија. Во Кавадарци беше прогласена тридневна жалост, додадоа од Музеј галеријата. 

Оттаму  потсетија дека во воениот конфликт во 1991 година, покрај Гешовски, од Кавадарци загина и Петре Тодоровски, роден во 1971 година.

– Тодоровски загина како припадник на ЈНА на 26 јули 1991 година во касарната Љубљана – Поље, Р. Словенија. Својот млад живот го загуби како војник, додека бил на стража. Во овој конфликт загина и Мишко Митрев, роден во 1954 година во Ваташа. Митрев загина како подофицер во ЈНА во септември 1991 година, при одбрана на касарната во Ѓаково, споделија од Музејот.