Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Тридневен Божикен театарски фестивал од утре во Кисела Вода

Утревечер, во предвечерјето на Божикните празници, Општина Кисела Вода го отвора првиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утревечер, во предвечерјето на Божикните празници, Општина Кисела Вода го отвора првиот Божикен театарски фестивал, тридневна културна програма што од 3 до 5 јануари 2026 година ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“, наведува Општината во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. 

Фестивалот е посветен на сценската уметност и обединува театарски и музички содржини наменети за различни генерации. Во програмата учествуваат театарски здруженија и уметници кои добија поддршка преку јавниот повик на Општина Кисела Вода за културни проекти од локално значење.

Фестивалот започнува на 3 јануари во 19:00 часот со настап на музичка група „Браќата“, по што следува театарската претстава „Во царството на другарството“ во изведба на Театар ХИТ. Автор и режисер е Сашо Ристовски, а настапуваат Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Ема Давчевска.

Реклама

На 4 јануари, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „За нас почнува живот“ на Театарското здружение „МАНА“, во режија на Дејан Пројковски, со Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви.

Завршната вечер, на 5 јануари, е резервирана за две претстави.

Во 18:00 часот, Театарското здружение „Триангл“ ќе ја изведе претставата „Кралица Срце“, по сценарио и режија на Десанка Глигоријевиќ, со Марика Поповиќ, Андреј Наумов и Јане Дунимагловски.

Во 19:30 часот следува претставата „Другарство“ на Театарското здружение „Дивизион Арт“, со Винета Дамчевска, Мики Анчевски и Марија Ѓорѓиовска.

Влезот за сите претстави е бесплатен, а бројот на места е ограничен. Потребна е претходна регистрација најдоцна до 3 јануари 2026 година, до 12:00 часот, на телефонските броеви:

Даниела – 075/380-928

Верица – 071/804-474

Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да бидат дел од Божикниот театарски фестивал, кој ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“.