Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Три лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека три лица се лишени од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека три лица се лишени од слобода за семејно насилство, а дека имало вкупно пет пријави во последното деноноќие. 

На 10.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Крива Паланка пријавила дека на 07.05.2026 околу 13:00 часот, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината ќерка М.М..

На 11.05.2026 во 00:30 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода В.Т.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 61-годишен татко, дека во семејниот дом во Скопје, по претходна расправија, физички го нападнал.

Реклама

На 10.05.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, 57-годишен маж од Скопје пријави дека во семејниот дом во Скопје, по претходна расправија, неговиот малолетен син му упатил закани по неговиот живот.

На 09.05.2026 во 22:45 часот во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишија од слобода Д.К.(47) од беровско, постапувајќи по претходна пријава дека не ја почитувал привремената мерка за заштита од семејно насилство изречена од Основен суд Берово и ја вознемирувал, навредувал и малтретирал неговата сопруга.

На 10.05.2026 во 15:35 во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 49-годишна велешанка, постапувајќи по претходна пријава дека најпрво со пораки се заканувала на нејзината 52-годишна сестра, по што отишла во нејзиниот двор и продолжила со заканите. Таа била задржана во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.