Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Три концерти по повод роденденот на Јохан Себастијан Бах

Младинскиот гудачки квартет „Карпош“ денеска, на Платото пред Млечен ресторан во Скопје,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младинскиот гудачки квартет „Карпош“ денеска, на Платото пред Млечен ресторан во Скопје, ќе одржи три концерти по повод роденденот на Јохан Себастијан Бах.

Концертите се закажани за 10.00, 11.30 и 13.00 часот. Изведени ќе бидат композиции од Бах, од познатиот албум за Ана Магдалена Бах, аранжирани за гудачки квартет. 

Овие концерти се дел од светската иницијатива „Bach in the Subways“, преку која Општина Карпош се приклучува на глобалното одбележување на музиката на Бах, директно меѓу луѓето, надвор од концертните сали. Иницијативата е покрената пред десетина години и има огромно значење за доближувањето на класичната музика до најшироката публика.  

Реклама

Младинскиот гудачки квартет „Карпош“  работи под менторство на виолинистката Пламенка Трајковска, а го сочинуваат четири млади музичарки: Јана Бужаровска – виолина, Грациела Трајковска – виолина, Марија Павловска – виола и Сара Илиевска – виолончело.

Концертите се реализираат со поддршка на општина Карпош.