Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Тргнува возот од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута, а возот ќе сообраќа двапати дневно

Тргнува возот од Скопје за Куманово. Ќе се патува 41 минута, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тргнува возот од Скопје за Куманово. Ќе се патува 41 минута, а возот ќе сообраќа двапати дневно. Во одредени делови од денот, возот ќе сообраќа и до Бељаковце, а кога ќе биде завршена пругата, и до Крива Паланка.Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ова е само почеток на добрите времиња за железничкиот сообраќај во Македонија.

„Денеска тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, тоа го ветивме на отварањето на железничката прга Куманово-Бељаковце, и еве од денеска е вистина. Во 16:30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово, патувањето ќе трае 41 минута, двапати дневно ќе оперира, наутро во 06:30 ќе тргнува од Куманово, за да можат сите оние кои им е потребно за да дојдат во главниот град, дали е за работа, дали е за други потреби кои што ги имаат и истиот воз во 16:30 ќе се враќа назад кон Куманово и секако во обратна насока кон Скопје,“ изјави вицепремиерот Николоски.

Николоски најави дека се планирани да се вратат во функција и таканаречените „градски возови“ до Тетово и Гостивар, а амбиција е да се врати и железничката линија до Кичево.

Реклама

„Наша заедничка амбиција е во следниот период овие јас ги нарекувам градски возови бидејќи се работи за дистанци кои не се големи, да пуштиме градски возови до Тетово и до Гостивар. Секако амбиција е да се врати целата линија до Кичево, а понатаму до Штип и до Кочани. Тоа е следната амбиција за која се надевам за брзо ќе ве поканиме тука“, истакна Николоски.

Од црна слика и загубар Железница ќе стане подобро место за услуги на граѓаните и подобро место за работа уверува директорот на претпријатието.

Десетици години железничкиот транспорт беше во колапс, од Министерството за транспорт заедно со двете претпријатија Железници транспорт и Железници инфраструктура минатата година работеа на стабилизирање на финансиската состојба на Македонски Железници кои со години важат за загубар, а се работат и проекти за унапредување на железничкиот сообраќај и инфраструктира. После 30 години конечно помина и воз на пругата Куаново Бељаковце со што се заврши првата фаза кон Бугарија.  Проектот чини 78 милиони евра. Дел од парите се обезбедени од Европската унија, а во изградбата учествувале и компании од Италија, Словенија, Австрија.