Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Трета регионална конференција на сметководители

Под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“, денеска во Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“, денеска во Скопје ќе се одржи Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители.

Како што е најавено, конференцијата ќе обедини над 1.000 учесници од земјава и регионот, претставници на институции, професионални организации, академската заедница и деловниот сектор, а поздравни обраќања ќе имаат министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), Весна Прентоска.

На конференцијата се предвидени панел-дискусии и тематски сесии посветени на дигиталната трансформација на сметководствената професија, усогласувањето со меѓународните стандарди, како и улогата на професијата во современото економско опкружување. Предвидено е и потпишување меморандум за соработка помеѓу ИСОС и Стопанската комора на Македонија. Меморандум ќе го потпишат претседателката на ИСОС, Весна Прентоска и претседателот на Комората, Бранко Азески.

Реклама

Во рамки на конференцијата ќе се одржи и Саем за дигитализација, на кој ќе бидат презентирани современи софтверски решенија и алатки наменети за сметководителите.

Според ИСОС, особено внимание на конференцијата е посветено на младите, преку одржување на подкаст сесија „Повеќе од само бројки“, на која ќе се отвори дискусијата за новите вештини, очекувања и можности за новата генерација сметководители, како и нивната улога во трансформацијата на професијата.