Реклама
Економија

Трет ден блокада на товарниот сообраќај, штетите се 100 милиони евра дневно

Притисокот што го вршат превозниците со блокадите почнува да вродува со плод.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Притисокот што го вршат превозниците со блокадите почнува да вродува со плод. Европската Комисија сериозно размислува давоведе исклучоци од правилата за престој во Шенген зоната затранспортерите. Унијата разгледувала нова визна стратегија за оваа категорија работници која наводно ќе биде објавенаутре во Брисел, пишува српски Блиц.

Медиумот наведува дека веќе бил имало работен документ кој ќе послужи како основа за старт на стратешка дискусија за исклучоци од правилото 90 во 180 дена, односно 180 дена годишно.

Ова било направено поради стравувањата од економски загуби и нарушувања на единствениот пазар. Во документот наводно се отвара прашањето токму за возачите професионалци кои мора да се движат меѓу неколку земји-членки поради работа, па поради тоа не можат да извадат подолгорочни работни дозволи.

Реклама

Сепак, ова не значи итна промена на законите, туку земјите ќе треба да продолжат да преговараат со Унијата.

„Во документот понатаму сe наведува дека е потребно да се разгледа престој во Шенген зоната подолго од вкупно 90 дена, под услов да не се надминат 90 дена во поединечна земја-членка, односно да се направи исклучок. Примерите вклучуваат возачи на камиони и други професионалци кои работат за компании со седиште во ЕУ, чие работење зависи од постојана мобилност помеѓу земјите-членки“

Од 100 до 150 милиони евра дневно губат економиите од регионот  поради блокадите на превозниците– алармираат бизнисмените. Додека превозниците велат дека е подобро да се претрпат мали штети поради 7 дена блокади, отколку колапс на економијата поради европските правила, бизнисмените контра нивниот протест.

Од Стопанската комора на Србија велат дека колку подолго траат блокадите, толку потешки ќе бидат економските загуби. Едни од најзагрозените сектори ќе бидат земјоделството, автомобилската, хемиската и преработувачката индустрија. Според нив, долгорочно решение би било превозниците да се третираат исто како персоналот во авионите, возовите и бродовите.

„Доколку синџирите на снабдување се нарушат и стоките не можат да се увезуваат и извезуваат, би можеле дури и да видиме колапс на економијата, бидејќи фабриките нема да имаат начин како да извезуваат.Ова прашање бара итно решение, ослободување од системот на ЕЕС сега би ги задоволило потребите за нормално функционирање на економијата, за да се овозможи транспорт на стоки од овој пазар до пазарот на ЕУ“ - вели Александар Радовановиќ – Стопанска комора на Србија.

Стопанската комора не ги поддржува блокадите на границите бидејќи според комората решение треба да се бара исклучиво по институционален пат. Оттаму бараат земјите членки да усвојат привремени мерки за професионалните возачи непречено да можат да работат, сè додека не се воспостави трајно и системско решение.

Камионите веќе трет ден го блокираат товарниот сообраќај  на десет гранични премини со соседните држави, а блокади има и на премините во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Европската комисија соопшти дека „внимателно ја следи ситуацијата и е во контакт со партнерите од Западен Балкан“. Пред два дена портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт рече дека правилата за престој во Шенген се „јасни и однапред познати“ и дека постои одредена флексибилност во нивната примена. Тој нагласи дека одлуката за тоа дали ќе се спроведуваат случајни гранични контроли ја донесуваат земјите-членки на надворешните граници, а не Комисијата.