Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Тресонче и Бигорскиот манастир домаќини на 7. Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“

– Во село Тресонче денеска ќе биде отворена седмата по ред „Малореканска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во село Тресонче денеска ќе биде отворена седмата по ред „Малореканска летна школа – По патеките на Дичо Зограф“, која и оваа година ќе биде посветена на научни истражувања поврзани со мијачките зографи, архитектурата, културното наследство и традицијата на регионот.

Годинашното издание е посветено на зографот Петре Коловски (1931-2025), како значајна личност во зачувувањето и промоцијата на македонското уметничко наследство.

Свеченото отворање е предвидено за 11 часот во меморијалниот парк „Дичо Зограф“, во рамки на црквата „Св. апостоли Петар и Павле“ во Тресонче. На настанот се очекува присуство на повеќе стручни гости од Македонија и од странство. По отворањето ќе биде одржана панихида во храмот, заедно со братството на Бигорскиот манастир.

Реклама

Во шестдневната програма ќе учествуваат дваесетина истражувачи од Македонија, Србија и Бугарија – историчари на уметноста и филолози. Во рамките на Школата ќе бидат посетени повеќе места и цркви во Малореканскиот, Дебарскиот и Мавровскиот регион, простори кои во XIX век претставувале значајни преродбенски центри.

Во вечерните научни сесии во Бигорскиот манастир, учесниците ќе имаат можност низ предавања и дискусии да ги презентираат своите научни трудови посветени на уметничката активност на дебарско-мијачките зографи и нивното творештво на поширокиот балкански простор.

Ова година програмата на Школата е проширена со филолошката секција во чиј фокус се наоѓа јазичното и книжевното наследство на Малореканскиот регион, особено ерминиите од дебарско-мијачкиот зографски круг, како и различни карактеристики на малореканскиот говор.

Организаторите истакнуваат дека школата претставува значаен придонес кон истражувањето и дополнителната афирмација на богатото творештво на мијачките мајстори и нивното културно наследство.