Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Транспарентноста на одлуките е клуч за јавната доверба – конференција за институционалната отвореност на Советот на јавните обвинители

Без високо ниво на институционална отвореност јавноста нема можност соодветно да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без високо ниво на институционална отвореност јавноста нема можност соодветно да ги разбере и да ги оцени нашите одлуки, истакна државниот јавен обвинител Ненад Савески во своето обраќање на конференцијата „Транспарентноста како клучен фактор во работата на Советот на jавните обвинители на Македонија“, во организација на Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

-Факт е дека досегашните извештаи, и домашни и меѓународни, за работата на Советот на јавните обвинители не даваа многу позитивни оценки за институционалната транспарентност. Се бара подобро образложување на одлуките и постапки кои кај јавните обвинители и кај општата јавност ќе создадат чувство дека се одлучува врз основа на јасни и мерливи критериуми и недвосмислени принципи. Но, исто така, факт е дека во последниот период, Советот на јавни обвинители направи големи чекори за да ја зајакне транспарентноста и да се трансформира во отворена и отчетна институција – истакна Савески.

Тој ја нагласи важноста на новодонесената Стратегија за транспарентност на Советот на јавните обвинители како значаен чекор во таа насока.

Реклама

-Ако постои една област што треба да ја издвојам во која сметам дека европската поддршка може да даде најголеми ефекти, за јавното обвинителство и за Советот на јавните обвинители, тогаш тоа е транспарентноста. Секоја поддршка тука за нас значи јакнење на јавната доверба како клучен сегмент за мерливост на успешноста на нашата работа – рече Савески, додавајќи дека за да се премине од декларативна на суштинска транспарентност се потребни и услови, средства, соодветна кадровска екипираност со стручни служби, но и лична посветеност кон принципите на транспарентност.

Дискусијата на конференцијата е фокусирана на мисијата на Советот во заштита на самостојноста на јавните обвинители и на транспарентноста како клучен фактор во секојдневното функционирање на Советот на јавните обвинители.