Реклама
Македонија

Транспаренси Интернешнл: Најголемите трагедии со многу жртви се идиректна последица од корупција и мито

Директорот на геријатрија барал 100.000 ама успеал да земе 20.000 евра мито…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на геријатрија барал 100.000 ама успеал да земе 20.000 евра мито за да смести болен и неподвижен пациент, хирург од битолската болница побарал 150 евра за операција, врховниот судија Наке Георгиев беше фатен со 10.000 евра мито за олеснување на мерките во судска постапка и тргување со влијание, полициски инспектори за имотна корист оддавале службени тајни на нарко кланот од Грчец, службеник од општина Маврово – Ростуша фатен со 13 000 евра бележани пари, ветувал дозвола за градба на апартмански комплекс во Маврово –  ова се само дел од случаите во изминатава година кои беа фатени дека им “лепат рацете” и на коруптивен начин земале “црни” пари. Ем Македонците според последните официјални истражувања плаќаат најсапо мито, ем корупцијата и натаму е проблем број еден во државата. Власта безусловно и безмилосно води битка за расчистување со криминалот и корупцијата која со децинии е вкоренета во сите општествени пори. Од Транспареси Интернешнл велат дека и најголемите трагедии со многу жртви, како Кочани, пожарот во модуларнта болница, авотбуските незгоди се индиректна последица од корупција и мито.

Корупцијата е еден од најголемите заканувачи, за живеење во едно демократско општество.Видовме што корупцијата со последните трагични збиднувања кои се случија во дискотеката во Кочани, претходно имаше автобуски несреќи па горење на модуларна болница и сето тоа е резултат на поголема системска корупција која трае повеќе од 20 години и гледаме дека корупцијата го загрозува нормалното живеење и претставува закана за секој од насвели претседателот на Транспаренси Интернешнл, Благоја Пандовски.

Познавачите велат дека Владата и собранието можат да направат нешто во борбата против корупцијата, но сепак судството и јавното обвинителство се главните фактори во целиот процес.

“Доколку сакаме да имаме било каков напредок во делот на борбата против корупцијата се согласувам дека и Владата и собранието можат да направат нешто, но на чело на фронтот за борбата портив корупцијата треба да бидат судството и јавното обвинителство”
– вели Пандовски.

Реклама

Години наназад Македонија во сите извештаи на ЕК е критикувана за недовербата на граѓаните во судството и високиот степен на корупција.  Дополнително, Европската комисија критикуваше и за измените на Кривичниот законик со кои голем број на предмети со висока корупција застареа. Последно Стејт департментот посочи корупција во судските кулоари. Црната листа на САД за првпат стави име на судија за кои се сомневаат дека е вмешан во корупција.