Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Трамп: Ќе го удриме Иран 20 пати посилно од сега – Иран: Ние ќе кажеме кога војната ќе заврши

За американскиот претседател најголемиот ризик во борбата за, како вели тој, спас…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За американскиот претседател најголемиот ризик во борбата за, како вели тој, спас на Америка и светот воопшто, завршил првите три дена од нападите. Пораката пак од Иран е дека војната ќе ја завршат тие, а не САД. Фактите се дека војната трае 11 дена и крајот тешко може да се предвиди. Трамп последно  вети дека нападите ќе продолжат со уште посилен интезитет и нема да дозволи терористичкиот режим во Иран да го држи светот како заложник.

„Ќе ги удриме многу посилно, многу многу посилно ќе ги завземам оние мети кои им се лесни и како што споменав и  претходно ќе ги завземеме за кратко време, нема да можат да се  опорават никогаш. Ова може да го наречеме огромен успех или може да одиме и понатаму, но големиот ризик на оваа војна беше во првите три дена, ние ги збришавме уште во првите два“, изјави Доналд Трамп претседател на САД.

Војната се посилно ја чувствуваат и граѓаните во Израел. Во изминатите 24 часа се хоспитализирани над 200 луѓе, а меѓу нив има и војници и цивили. Но и покрај силните напади, премиерот Нетанјаху порача дека Израел ќе продолжи со агресијата врз Иран и ја отфрли секоја сугестија дека Техеран бара прекин на огнот.

Реклама

Портпаролот на Исламската Револуционерна гарда, бригадниот генерал Али Мохамед Наин, порача дека е уништена целата воена инфраструктура на САД во заливските земји.

„Знаеме дека вашата муниција ќе се потроши и дека барате излез од војната. Зошто не му ја кажете вистината на американскиот народ? Трамп не сака Американците да знаат дека целата американска воена инфраструктура во регионот на Персискиот Залив е уништена“, изјави Али Мохамед Наин, портпаролот на Исламската Револуционерна гарда.

Нетанјаху пак се закани дека сите досегашни мерки „ги кршат коските на Техеран“, во насока на тоа дека целта на САД и Израел не е уништување на иранскиот народ, туку самиот тој да го отфрли јаремот на тиранијата. Им порача на иранските цивили дека „ако имаат успех заеднички со народот во Иран, ќе се случи и трајно завршување на конфликтот“.