Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Трајков: Реформите се клучни за јакнење на институциите и забрзување на европскиот пат

Реализираните реформи и активностите на институциите поврзани со спроведувањето на Реформската агенда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реализираните реформи и активностите на институциите поврзани со спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027 биле во фокусот на разговорите на средбата на заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, со заменик-шефот на Мисијата на Амбасадата на Сојузна Република Германија Јан-Аксел Фос и Кевин Мас од политичкиот оддел на Амбасадата.

Како што соопштија од Минисстерството за европски прашања, заменик-министерката ги презентирала досегашните активности и постигнатите резултати во реформскиот процес, како и приоритетите за наредниот период, нагласувајќи дека реформите се насочени кон создавање поефикасни, транспарентни и одговорни институции.

-На средбата беше разговарано и за можностите за понатамошна соработка и размена на германските искуства и експертиза во областите опфатени со Реформската агенда. Трајков ја истакна важноста на континуираната поддршка од Сојузна Република Германија за реформскиот процес и европската перспектива на нашата држава, стои во соопштението.

Реклама