Реклама

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Македонија

Трајков: Нашата дијаспора е важен и нераскинлив дел од нашата татковина

Нашата дијаспора е важен и нераскинлив дел од Македонија, истакна заменик министерката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата дијаспора е важен и нераскинлив дел од Македонија, истакна заменик министерката за европски прашања доцент д-р Викторија Трајков по средбата со претставници од Обединета македонска дијаспора, водечката организација на Македонците надвор од татковината.

На заедникиот состанок се разгледаа повеќе иницијативи за проширување на ангажманот на дијаспората во стратешки области како што се образованието, економскиот развој и културата.

Трајков истакна дека Обединетата македонска дијаспора може значително да придонесе за промоција на Македонија на меѓународната сцена, со цел зајакнување на економските и културни врски со државите каде што живеат Македонците.

Реклама

Доц. д-р Трајков го потенцираше значењето на заедничките проекти и повика на засилено партнерство во промоција на Македонија, како алатка од исклучително значење.

Со овој состанок беше подготвена основа за понатамошна соработка меѓу Министерството за европски прашања и Обединетата македонска дијаспора, при што двете страни се согласија дека ангажирањето на дијаспората може да има значајна улога во поддршка на реформските процеси и во зајакнување на позицијата на Македонија на патот кон европска интеграција.