Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Трајков: Инвестирањето во образованието е инвестиција во иднината

Заменик-министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков која беше панелистка на Балканскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков која беше панелистка на Балканскиот алумни самит 2025 порача дека Македонско-Американската Алумни Асоцијација во изминативе години имаше значајна улога во градењето на новите генерации базирани на квалитетно знаење, образование и лидерство кое отвори нови перспективи за целиот регион.

На овој настан свое учество имаа и претседателот на Собранието на Македонија Африм Гаши, заменик шеф на Мисијата при амбасадата на САД, Никол Варнс, гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска Бежовска и други видни експерти и претставници на алумни асоцијации.

-Инвестирањето во образованието е инвестиција во иднината. И само општествата кои можат да го разберат ова ќе можат да одат напред, носејќи се со предизвиците на патот кон успехот. Владата која ја претставувам ја разбира потребата од градење на модерни општества, чија иднина ќе зависи од младите генерации кои од нас очекуваат конкретни одлуки за развој на нивните капацитети и способности, порача заменик-министерката Трајков.

Реклама

Пред присутните гости од регионот, заменик-министерката потенцираше дека како носители на политики создаваат услови со кои младите ќе можат да се чувствуваат европски и така и да делуваат. Интензивно се работи на забрзување на евроинтеграцискиот процес, кој напоредно со економскиот развој е еден од врвните приоритети на Владата.

-Наш врвен приоритет е реализацијата на европската агенда и имплементација на реформите со што ќе го олесниме пристапниот процес во ЕУ. Креираме политики за имплементација на реформските процеси коишто ќе водат кон моделирање на добар здравствен, образовен и правен систем. Само така може да ги подобриме состојбите за сите граѓани, а младите да ги задржиме дома, нагласи заменик-министерката Трајков.

Самитот е организиран во партнерство со Амбасадата на САД во Скопје и на едно место ги собра алумните на американски владини програми од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Бугарија кои се активни професионалци, лидери и претставници на алумни асоцијациите во своите матични земји.