Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Трајко Славески е предлогот на претседателката за нов гувернер на Народната банка

Трајко Славески е предлогот на претседателката за нов гувернер на Народната банка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трајко Славески е предлогот на претседателката за нов гувернер на Народната банка, соопштуваат од кабинетот на Гордана Сиљановска Давкова. Предлогот е веќе во Собрание, а пликото со документот од претседателката ќе се отвори утре кога ќе почне работното време на архивата – потврдуваат собраниските служби.

Од кабинетот на претседателката велат дека таа при донесувањето на одлуката се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. – Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, велат од кабинетот на македонската претседателка.

Трајко Славески е поранешен министер за финансии и актуелен претседател на Советот на Град Скопје. Зад себе има богата академска и политичка кариера. Редовен професор е на Економскиот факултет при УКИМ, каде што и самиот ги минал сите скалила од додипломските студии до докторат.