Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Трајановски ветува враќање на Скопскиот фестивал, градски театар, а летната сцена во Градски парк да биде именувана по Аки Рахимовски

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Александар Трајановски од коалицијата „Искуство за успех“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Александар Трајановски од коалицијата „Искуство за успех“, најави дека летната сцена во Градскиот парк ќе го добие името „Аки Рахимовски стејџ“, во чест на легендарниот пејач на групата „Парни Ваљак“. Со ова ветување, Трајановски најави симболично враќање на духот на градот што отсекогаш живеел преку своите музичари, фестивали и уметници, пишува во денешното соопштение на коалицијата „Искуство за успех“.

– Аки Рахимовски остави неизбришлива трага во музичката историја на регионот, а неговиот дух е длабоко поврзан со Скопје. Време е градот да му оддаде трајна почит – со сцена што ќе живее преку новите генерации музичари и уметници, смета Трајановски.

Како што се додава во соопштението, во неговата програма предвидува враќање на Скопскиот фестивал, што со децении беше симбол на македонската музичка традиција и новите уметнички струи. Фестивалот, како што појаснува Трајановски, повторно ќе ја обедини домашната сцена и ќе ѝ даде простор на младата генерација автори, изведувачи и композитори.

Реклама

– Истовремено, во план е и формирање на градски театар, што ќе биде современ културен простор за драмски и сценски претстави, како и создавање на прв ромски театар во земјата – институција што ќе ја негува и промовира ромската култура, јазик и традиција. Посебен дел од оваа иницијатива е посветен на Есма Реџепова, преку подигнување на споменик и организирање годишен концерт на ансамбли и оркестри во нејзина чест, се наведува во соопштението.

Според Трајановски, Скопје мора повторно да биде град што создава и инспирира.

– Градот на сцените, музиката, гласовите и луѓето кои го прават уникатен, смета Трајановски.

Со овие проекти, се истакнува во соопштението, Скопје ќе го врати својот културен сјај и ќе ја потврди позицијата на град што ја вреднува уметноста, се сеќава на своите легенди и создава нови генерации што ќе ја продолжат таа приказна.