Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Традиционално моштите на Свети Георгиј Победоносец во литија ја осветија Струга

Литијата е сведоштво дека му припаѓаме на Христа и дека со радост…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Литијата е сведоштво дека му припаѓаме на Христа и дека со радост ја носиме и ја покажуваме нашата вера. Оваа возобновена традиција нека зема се поголем замав, а светиот Великомаченик Георгиј нека ве закрилува, нека се моли за вас и нека ве укрепува во секое добро дело, порача архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во проповедта по вечерната литургија на традиционалната Струшка литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и неговата чудотворна икона што секоја година се одржува на ден по празникот Ѓурѓовден.

Тој изрази благодарност и, како што рече, восхит кон стружани и сите што на овој светол ден дојдоа на литијата.

– Ова што го правите предводени од надлежниот митрополит г. Георгиј е навистина благородно дело и живо сведоштво за вашата жива вера во вечно живиот Бог. На сите нека ни даде сила не само вечерва, туку постојано да излегуваме во светот, сведочејќи ги вистината и убавината на нашата вера. Имајќи го крстот Христов врз себе и оиконувајќи ги нашите срца и нашите души така што целиот живот да ни биде литија, рече г.г. Стефан.

Реклама

Струшката литија, за Климентина Рембоска Столеска, верник од Струга, не е само обичен верски празник, туку го прави градот најгорд и највеличествен.

– Струшката литија не е само обична поворка низ градот, струшката литија е душата на Струга, затоа што денес сите сме сплотени, единствени. Денес Струга е најгорда и највеличенствена. По 17. пат моштите и чудотворната икона на Свети Георгиј Победоносец ќе ни го разубават градот, ќе ни дадат благослов, ќе ни донесе здравје и напредок во секој наш дом, истакна Рембоска Столеска.
 
Носењето на моштите, според стружанецот Коста Хиохи, кој минатата година беше еден носачите е нешто што треба да се доживее за да може да се опише.

– Навистина е чест и привилегија да се носат моштите на Свети Георгиј Победоносец, пред се не само затоа што е светец и патрон на градот, туку затоа што стружани посебно го чествуваат и посебно се радуваат на овај празник. Преку ова празникот има една поинаква симболика, победата на доброто над злото и доаѓањето на новата пролет, вели Хиохи.

Носењето на моштите претставува огромна чест и за скопјанецот Мартин Климчаров, кој годинава беше еден од носачите.

Поворката, традиционално ја водеше церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили. Меѓу возилото и литијата одеше коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, со палмова гранка во раката како симбол на мирот.

Потоа поворката ја најави звукот на клепалото, по што доаѓаа млади облечени во стихари, со црковни рипиди и бајраци. По нив беше чудотворната икона на Свети Великомаченик Георгиј од истиомениот храм во Струга носена од четворица угледни граѓани, па граѓани облечени во свечени стихари со развиорени црковни знаменија. 

По Градскиот дувачки оркестар на Град Скопје, свештенството од епархијата и од цела држава, следуваше раскошно украсениот цветен епитаф со чесните мошти на „Свети Георгиј“, а по него и мноштвото верници.

По завршувањето на Литијата во дворот на храмот верниците повторно имаа можност да се поклонат пред моштите и чудотворната икона на светителот, а беше приредена и културно уметничка програма.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: