Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Традиционална манифестација „Пивтијада“ во скопска Автокоманда

Традиционалната манифестација „Пивтијада“ денеска ќе се одржува на плоштадот во населбата Автокоманда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Традиционалната манифестација „Пивтијада“ денеска ќе се одржува на плоштадот во населбата Автокоманда во општина Гази Баба.  

– Со хуманитарен,  натпреварувачки и забавен карактер „Пивтијадата“ повторно ги обединува граѓаните во духот на солидарноста и традицијата. Ќе се продаваат пивтии, а сите собрани средства ќе бидат донирани на Клиниката за детски болести. Повик до сите граѓани – дојдете да бидеме хумани, да се дружиме и да уживаме со убава музика!, објави на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски. 

Во натпреварувачкиот дел ќе се избираат најубаво украсените пивтии, а по оценувањето од стручна комисија најдобрите три ќе бидат наградени.

Реклама

Во забавниот дел ќе настапат: Миле Кузмановски, Давид Темелков, Даниела Темелковска и Ансамблот „Јонче Христовски“.