Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Трајков: Родовата еднаквост мора да стане составен дел од евроинтеграциите на земјава

Родовата перспектива мора да биде целосно интегрирана во евроинтегративниот процес на Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Родовата перспектива мора да биде целосно интегрирана во евроинтегративниот процес на Македонија, порача заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков на конференцијата „Родовата еднаквост во фокусот на пристапувањето кон ЕУ – патоказ за Македонија“.

Таа истакна дека ова не е само европска обврска, туку суштинска потреба за создавање праведно и инклузивно општество.

-Со денешната Конференција сакаме да ја истакнеме главната цел – да ги засилиме нашите заеднички напори за целосно интегрирање на родовата перспектива во евроинтегративниот процес, нагласи Трајков во воведното обраќање.

Реклама

Таа потенцираше дека Владата останува цврсто определена кон унапредување на родовата еднаквост во сите сфери на општеството, во согласност со европските стандарди.

Според неа, родовата еднаквост не е само демократска вредност, туку предуслов за економски развој, силни заедници и општество без стереотипи.

-Родовата еднаквост е клучна за демократските процеси. Таа го забрзува економскиот развој, создава поинклузивни и покохезивни заедници, гради општество во кое се рушат стереотипите, а младите се стимулираат да веруваат и да создаваат амбиент на заемна почит, соработка и разбирање – општество на можности. Без економско и социјално зајакнување на жените не може да се постигне вистинска одржливост и благосостојба, рече таа.

Во своето обраќање, таа се осврна и на напредокот што земјата го постигнува, вклучително и изборот на првата жена-претседателка, што, како што рече, „ги руши табуата дека врвните државнички позиции се недостапни за жените“.

-Гласот на жените сè повеќе се слуша, а нивниот огромен потенцијал мора да биде препознаен и признаен. Ние ја знаеме нашата домашна задача – цврсто и упорно да работиме на напредокот во областа на родовата еднаквост на патот кон евроинтеграциите, не само како обврска, туку пред сè како израз на нашата определба за создавање општество кое ќе обезбеди еднакви права и можности за сите, дополни таа.

Конференцијата што денеска се одржува во Скопје е посветена на улогата на родовата еднаквост како клучен елемент во процесот на пристапување на Македонија кон Европската Унија. Настанот ги обедини институциите, експертите, меѓународните организации и граѓанскиот сектор со цел да се разгледаат предизвиците, обврските и можностите за интегрирање на родовата перспектива во сите фази од евроинтеграциите.