Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Економија

Трајков: Реформската агенда дава резултати, фокусирани сме на одржлив развој и иновации

Евроинтегративниот процес претставува клучен двигател на зелената трансформација во нашата земја, овозможувајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Евроинтегративниот процес претставува клучен двигател на зелената трансформација во нашата земја, овозможувајќи не само усогласување со европските стандарди, туку и суштинска промена на економската структура кон одржлив и иновативен модел.

На денешната интернационална конференција посветена на одржливи системи и бизнис трансформации, заменик-министерката за европски прашања истакна дека зелената и циркуларната економија повеќе не се концепт на иднината, туку реалност која веќе активно се применува.

„Преку усогласувањето со европските политики, ние не само што ги прифаќаме стандардите, туку создаваме услови за долгорочен економски раст базиран на одржливост,“ беше нагласено во обраќањето.

Реклама

Дополнително, беше потенцирано дека Реформската агенда веќе не е само стратешки документ, туку процес што дава конкретни и мерливи резултати. Преку неа, како и преку европските механизми за поддршка, се обезбедуваат значајни финансиски средства за инвестиции и спроведување на реформите.

Институциите, како што беше истакнато, имаат клучна улога во обезбедување на пристапност и ефикасно искористување на овие можности од страна на сите засегнати чинители.

Оваа конференција претставува уште една потврда за посветеноста на земјата кон забрзување на реформите, зајакнување на економијата и постигнување одржлив развој во согласност со европските вредности и политики.