Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Трајков од Белград: Жените се двигатели на промените и на европската иднина

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на Меѓународната конференција „Сојузништво за еднаквост“, која се одржа во Белград, Република Србија, каде беше панелист на дискусијата посветена на европските политики за родова еднаквост. Во своето обраќање, Трајков истакна дека родовата еднаквост претставува една од темелните европски вредности и важен предуслов за одржлив економски и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на Меѓународната конференција „Сојузништво за еднаквост“, која се одржа во Белград, Република Србија, каде беше панелист на дискусијата посветена на европските политики за родова еднаквост.

Во своето обраќање, Трајков истакна дека родовата еднаквост претставува една од темелните европски вредности и важен предуслов за одржлив економски и демократски развој. Таа нагласи дека Македонија останува посветена на спроведување реформи кои обезбедуваат еднакви можности, поголемо учество на жените во процесите на одлучување и зајакнување на институционалната заштита на нивните права.

„Европската интеграција не е само усогласување со законодавството, туку и создавање општество во кое секој граѓанин има еднаква можност да придонесува и да напредува. Родовата еднаквост е суштински дел од таа визија“, истакна Трајков.

Реклама

На панелот беа разменети искуства и добри практики од земјите во регионот и од институциите на Европската Унија, со акцент на зајакнувањето на регионалната соработка во креирањето политики за еднакви можности и поголема вклученост на жените во јавниот и политичкиот живот.

Конференцијата обедини претставници на владини институции, меѓународни организации, дипломатски претставништва и експерти од регионот и Европа, со цел унапредување на дијалогот и партнерствата за изградба на поинклузивни и поправедни.