Реклама

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Македонија

Тошковски: Зачуден сум зошто ЈО не побара притвор за поранешниот директор на ЕСМ

Министерот за внтарешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека е вчудоневиден што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внтарешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека е вчудоневиден што не е побарана мерка притвор за поранешниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра.

-Од наша страна се преземени сите потребни дејствија во насока на информирање на Јавното обвинителство. ЈО е известено и писмено и усно во однос на лицето кое го споменувате, но на жалост, јавниот обвинител кој ја водел постапката во рамки на ОЈО ГОКК оценил дека не треба да бара најстрога мерка согласно одредбите од ЗКП, иако ако мене лично ме прашате, малку сум вчудоневиден како за лице кое е недостапно за органите на прогон, а е вклучено во рамки на криминал првично на околу 6,5 милиони евра, ЈО не побара таква мерка само за тоа лице. Инаку, другите сите кои беа поранешни функционери се моментално во притвор, рече Тошковски.

Во однос на случајот со Државната лотарија, министерот потврди дека МВР ќе ја прошири истрагата, бидејќи постојат индиции за повеќе сторени криминали и основани сомненија за конкретни кривични дела кои го оштетиле буџетот на компанијата.

Реклама

-Во однос на предметното правно лице постојат повеќе индиции за сторени криминали, постојат основи на сомнение многу и исто така многу основани сомненија за конкретни кривични дела коишто го оштетиле буџетот, така што ќе следи јавноста во иднина, ќе ја информираме соодветно во момент кога ќе можеме да ги обзнаниме информациите за јавноста, рече тој.

За инцидентот на Денот на албанското знаме, Тошковски информираше дека Одделот за внатрешна контрола не утврдил дека полицаецот од Куманово, кој го симнал албанското знаме, прекршил било каква стандардна процедура на МВР.

-Беше отворена истрага во однос на предметното лице од страна на Одделот за внатрешна контрола и во рамки на утврдените дејствија коишто се сторени од страна на предметното лице не е утврдено дека истиот прекршил било каква стандардна процедура во рамки на МВР колку што сум информиран. Подетално може да видиме што е како е понатаму, посочи министерот.