Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Тошковски: За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Министерството за внатрешни работи има основани сомненија дека и порано нелегално била…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи има основани сомненија дека и порано нелегално била изнесувана марихуана од државата и оти покрај скопската „Алфа фарм“, и други компании се поврзани со шверцот, потврди денеска ресорниот министер Панче Тошковски.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, тој побара разбирање од јавноста за процесот, кој, според него, е еден од најголемите кривично-правни предмети и посочи дека имаат сомнежи дека станува збор за организирана криминална група, чии припадници се и од земјата и од надвор.

– Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси, кои ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царината и Јавното обвинителство – рече Тошковски.

Реклама

Истакна дека државата ќе навлезе во суштината на предметот и оти ќе одговараат сите инволвирани.

– Ќе мораме да покажеме како држава дека во ваков огромен предмет, од секој аспект, од финансиски, кривично-правен, навистина ќе навлеземе во суштината на предметот. И нема да одговараат за кривично дело само „мулињата“, така Обвинителството и во рамките на правната теорија се ословуваат оние што се само транспортери на одредени нелегални стоки, туку навистина ќе одговараат оние што стојат зад целокупната таа организирана криминална банда. А за тоа ќе ни треба повеќе време – изјави Тошковски.