Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Тошковски за несреќата во Кочани: Што можам како министер ќе направам, но нема од тоа да профитирам медиумски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека континуирано е во комуникација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека континуирано е во комуникација со родители, но, оти не сака да го користи тоа за ПР и за медиумска експлатација, откривајќи дека веќе бил во Кочани, каде имал средба со дел од родителите на настраданите во дискотеката „Пулс“.

– Тоа што можам да го сторам како министер и тоа што сум должен да го направам, ќе го направам, но, нема од тоа да профитирам медиумски. Имаше многу разговори, имаше многу конструктивни разговори со тие родители, изјави Тошковски.

Зборувајќи за пожарот во кочанската дискотека, Тошковски, рече дека „еден од најновите обиди за манипулација што ги прави опозицијата е дека истрагата завршила, а информациите не биле достапни до јавноста“.

Реклама

– Истрагата во делот на процесот што се води од страна на Основното јавно обвинителство – Кочани, формално е завршена. Но, тоа не значи дека доколку се најдат одредени докази, а се поврзани со конкретно кривично дело, нема да бидат процесуирани спрема оние сторители, потенцијални осомничени или идни обвинети каде што ќе има конкретни докази како што беше и со оној фиктивниот сопственик којшто го кажавте претходно поврзан со, односно реалниот сопственик поврзан со правното лице за обезбедување на предметната дискотека. Тоа е едниот факт, а вториот е лагата на опозицијата дека истрагата е целосно завршена. Не е точно. Истрагата што се води од страна на Обвинителството за организиран криминал сѐ уште е во тек и не е завршена, посочи Тошковски.

Тој изрази уверување, дека од она што досега бил информиран, докази имало огромен број и за многу лица, за дејствија и не дејствија.

– Тезата на опозицијата дека не одговараат моментални функционери што од петни жили се обидуваат да ја наметнат на јавноста, е, погрешна. Во рамки на оваа постапка, факт е дека е осомничен еден актуелен министер. Осомничени се поранешни, но, осомничен е и еден актуелен министер. Факт е дека во рамки на оваа постапка се осомничени и поранешни директори, но, осомничен е и моментален директор на Дирекција за заштита и спасување. Факт е дека во рамки на оваа постапка имаме осомничено поранешни градоначалници, но, факт е дека имаме осомничено и сегашен градоначалник, рече министерот.

Тошковски рече дека лага било и тоа оти не се опфатени моментални надлежни полициски функционери.

– Исто како што е лага дека полициските функционери наводно кажано коишто биле надлежни вечерта, сѐ уште ги обавувале истите функции. Не е точно, нагласи Тошковски.

Прашан за барањата на блиски на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ да одат во Кочани и лично да се сретнат со нив, Тошковски рече дека бил во Кочани и се видел со дел од родителите. – Јас бев во Кочани. Бев, се видов со добар дел од родителите, одговори министерот.

Пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи рано изутрина на 16 март, зеде 62 жртви, а околу 200 повредени беа пренесени на лекување низ болници во државава и во странство.