Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Македонија

Тошковски за интерпелацијата од ДУИ: Низок обид за манипулација на јавноста

Полицијата подеднакво ќе одговори на сите обиди за нарушување на мирот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата подеднакво ќе одговори на сите обиди за нарушување на мирот и безбедноста. МВР води непристрасни истраги за сите инциденти со палењето на знамињата и возилата во Куманово, а сомнежите се дека зад нив стојат организирани групи. Секој еден кој потикнува каква било омраза или подгревање на меѓуетнички тензии во Македонија ќе се најде пред лицето на правдата, дециден е министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

  • Тие сторители на кривични дела,319 од КЗ, се млади луѓе кои што не се во години на зрелост, се надевам дека биле изолирани инциденти, но не ми личи на таква работата… За случајот во Скопје можеме да се сомневаме дали децава предизвикале случајно или некој соодветно ги мотивирал, но во вториот случај со палењето на возилата станува збор за добро организирана група“,изјави Тошковски.

Нов обид за манипулација со јавноста е интерпелацијата од Европскиот фронт, вели Тошковски, за обидот на интегративците да иницираат негово разрешување.

  • „Тезите кои што се поставуваа во изминатиот период од страна на опозицијата, особено од страна на ДУИ особено се сами по себе контрадикторни. Така да сметам дека македонскиот граѓанин и македонскиот народ, многи добро знае што стои зад оваа интерпелација од аспект на нивно барање. Нека им е со среќа! Ќе си постапи Собранието во насока на она што смета. Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста!“ потенцира министерот.

Пратеничката група на Европскиот фронт, вчера поднесе интерпелации за министерот Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени, кои, како што велат, се главно одговорни за инцидентите на Денот на албанското знаме.

Реклама

Според министерот Тошковски, во врска со инцидентите од минатата недела кога во одделни случаи беа сквернавени државното знаме, албанското национално знаме, но и државни симболи на Република Србија, досега се приведени вкупно 18 лица, а четворица од нив се во притвор.