Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Тошковски во посета на Турција: Можности за заеднички проекти и поддршка во процесот на модернизација на опремата и капацитетите

Министрите за внатрешни работи и одбрана Панче Тошковски и Владо Мисајловски на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министрите за внатрешни работи и одбрана Панче Тошковски и Владо Мисајловски на покана на турскиот министер за национална одбрана на Република Турција, Јаваш Гулер учествуаат на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија – ИДЕФ 2025 во Истанбул.

Саемот беше отворен со свечена церемонија на која се обрати претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, испраќајќи силна порака за значењето на одбранбената индустрија како двигател на стабилноста, безбедноста и соработката меѓу сојузниците.

ИДЕФ претставува значајна платформа за размена на идеи, технологии и воспоставување соработка со сериозни меѓународни партнери од одбранбениот и безбедносниот сектор.

Реклама

„Во рамки на саемот се сретнав со претседателот на Турската агенција за одбранбена индустрија, Халук Ѓоргун, со кого и претходно имаме воспоставено конструктивна комуникација. Разговаравме за можностите за заеднички проекти и поддршка во процесот на модернизација на опремата и капацитетите што ги има нашата држава. Исто така, остваривме средба и со министерот Гулер, на која разговаравме за унапредување на билатералната соработка, заеднички вежби и размена на експертиза, со цел зајакнување на безбедносната стабилност и подготвеност. Турција е еден од најголемите и најдолгорочни пријатели на нашата држава. Како две сојузнички земји во НАТО, секогаш сме стоеле една до друга кога било најпотребно, во духот на солидарноста, стабилноста и заедничката безбедност.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски подвлече дека како држава, мораме да инвестираме во современи решенија и сојузништва што ја гарантираат нашата безбедност и ја унапредуваат позицијата на Македонија како кредибилен партнер во регионалните и глобалните безбедносни процеси.