Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, а тие што од трагедии, прават спектакли со „крвави раце“, нека продолжат

Во текот на вчерашниот ден, две лица беа лишени од слобода во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на вчерашниот ден, две лица беа лишени од слобода во врска со семејно насилство и им е определен 30 дневен притвор. Денеска, уште двајца ќе се соочат со правдата по брза постапка, едниот за семејно насилство, а другиот за демнење на жена. Ова е јасна порака дека насилството и вознемирувањето нема да се толерираат – објави пред малку министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на сцијалните мрежи. 

Тој посочи дека како министер за внатрешни работи, сака јасно да порача дека МВР постапува бескомпромисно. Секој што ќе крене рака на друг или ќе помисли дека може да малтретира, демне и заплашува жена, ќе се соочи со институциите и со законот.

-Ги охрабрувам сите граѓани, особено жртвите на семејно насилство и било какво вознемирување, да пријавуваат. Институциите сега се тука да ве заштитат, брзо и одлучно.

Реклама

А оние што денес глумат морални судии и организираат пресови со „крвави раце“, обидувајќи се од трагедиите да направат политички спектакл, нека продолжат со тоа. Истите тие со години ја третираа полицијата како алатка за заштита на сопствените криминални и партиски интереси, наместо како институција што ги штити граѓаните. Нашиот одговор нема да биде со прес-конференции, туку со апсења, постапки и институции што конечно работат – вели Тошковски.

Неговата реакција доаѓа по денешната прес конференцја ан СДСМ и Каја Шукова на која со „крвави раце“ го обвинија Тошковски за самоубиството на жената со ќерката во скопско Тафталиџе.